wordpress counter

ЗОШТО И КАКО: СУШИ

Japanese sushi seafood

Ако некогаш се најдете во Токио, или пак во најмала рака во јапонскиот ресторан во Скопје, ќе згрешите ако не направите барем некој мал експеримент со храната. Ве молам немојте да нарачате пилешка салата само затоа што се чувстувате дека така нема да промашите. Кога веќе имате можност да вкусите нешто што е поразлично од она на што сте навикнати, слободо впуштете се во авантурата и не грижете се ако згрешите, барем ќе знаете што да не нарачате следниот пат.

Дефинитивно ниту еден јапонски ресторан не би можел да помине без суши на трпезата, а морам да споменам дека сушито што го служат кај нас во Скопје е навистина автентично. Сушито е традиционален јапонски рецепт кој во суштина се состои од оладен ориз зачинет со оцет, поделен на парчиња со големина на еден залак, може да биде оформен во ролна заедно со сирови (или зготвени) парченца риба и замотан со морски алги. Овој текст нема да говори за тоа како се прави сушито, туку како всушност се консумира сушито. ( и не, не вклучува кршење на чаши, пеење на цел глас и качување по маси).

Она што треба да го очекувате ако некогаш се најдете на јапонска трпеза: Чинија, еден мал сад што личи на коцкичка и се вика хаши оки на кој ќе бидат поставени стапчињата за јадење, уште еден мал плиток сад во кој ќе можете да си ставите сос од соја, керамичка чаша која лични на нашите чаши за ракија во која ке се послужи саќе и се разбира стапчиња за јадење. Стапчињата за јадење понекогаш може да имаат шпици, остатоци од преработката кои може да ве боцкаат, за да се ослободите од тоа можете да ги протриете стапчињата едно од друго неколку пати, но внимавајте да не ве види некој, или ако веќе сте во ресторан внимавајте да не го направите тоа премногу очигледно, затоа што тоа имплицира дека стапчињата се ефтини и можете да го навредите домаќинот.

sushi1Оброкот секогаш почнува со една чаша саќе, а потоа продолжува со зелен чај или пиво, а се смета за добар манир доколку девојките чашата за чај ја придржуваат одоздола. Кога ќе ви ја послужат чинијата, вообичаено сè што сте нарачале ќе биде ставено во една голема чинија, па затоа секогаш кога ќе сакате да се послужите од главната чинија, доколку нема посебни стапчиња за сервирање, морате да внимавате сушито да го земете со подебелите краеви од вашите стапчиња, затоа што многу е навредливо ако од главната чинија земете парче со краевите од стапчињата со кои сте јаделе претходно. Особено внимавајте никогаш да не пренесувате храна со вашите стапчиња во туѓа чинија, или пак да ги боднете стапчињата во средина на чинијата, тоа се ритуали кои се прават при погребни церемонии и е особено дрско и некултурно ако го правите за време на оброк. Доколку сакате да направите пауза во јадењето, можете стапчињата да ги оставате на хаши оки садчето, или пак во вашата чинија, но никако немојте да ги потпрете на чинијата ко што нормално би направиле со виљушка.

Секое парче суши треба да се натопи во сос од соја кој си го ставате во садчето за сос кој го споменав погоре. Секогаш кога ќе ставате сос од соја во чинијата внимавајте да не претерате, се смета за расипништво и лакомост, затоа ставете си малку и понатаму додадете си пак ако ви е потребено. Секогаш парчето суши треба да се натопи со делот од рибата во сосот и исто така да се стави во уста, затоа што вкусот кој го чувствувате треба да почне од рибата па да се измеша со вкусот на оризот. Никогаш оризот немојте да го натопите во сосот од соја затоа што ќе се уништи оригиналниот вкус на сушито, а можете и да го навредете готвачот – ова е реално да се случи, затоа што низ многу јапонски ресторани низ светот готвачите не се сместени во кујна туку вообичаено се во ресторанот заедно со гостите каде што на лице место ја подготвуваат храната. Пробајте целото парче да го изедете на еден залак, но ако не можете сепак е во ред да го поделите на два дела, обидете се едната половина да не ја вратите во чинијата. И исто така немојте да оставате храна во чинијата, особено не ориз!

Многу е веројатно да наидете на некои зачини што ќе ги имате на располагање, кои нема да знаете за што се и што треба да се прави со нив, но што и да правите, ве молам, внимавајте со зелената паста! Станува збор за васаби – многу лута зелена паста која се служи како додаток со скоро сите видови на суши. Кога велам луто, замислете ја најлутата пиперка што сте ја пробале во животот и помножете ја со 100000! Васабито веројатно е полуто за нијанса. Од него се зема со врвовите на стапчињата многу мала количина и се меша со сосот од соја во која потоа се топат парчињата суши, а се верува дека васабито му го дава најспецифичниот вкус на сушито и неизбежно мора да го има на трпезата. Веројатно ќе имате и свеж ѓумбир исецкан на парчиња во форма на цвет. Треба да земате по едно ливче измеѓу различни видови на суши, затоа што е наменет да ви ја исчисти устата и да ве ослободи од претходниот вкус, за да можете потполно да уживате во вкусот на следниот вид.

Нарачајте колку што е можно повеќе видови и вкусови на суши, експреиментирајте со храната, не плашете се и не срамете се да пробате нешто ново, ќе бидете побогати за едно искуство, макар и од љубопитство да сте каснале едно, така задоволително големо парче, васаби! [ЕЛИ ЦВЕТКОВА]

Related Posts with Thumbnails