wordpress counter

Супер рецепти од познати филмови (1 дел)

Овој серијал е наменет за рецепти и специјалитети кои се појавуваат во славни филмски наслови. Освен што ќе ви ги претставиме филмовите, во наредниот период очекувајте ги и вистинските рецепти за тие специјалитети.

Филм: Eat, Pray, Love
Рецепт: Cacio e Pepe Pasta Sauce


Авторката на книгата, Елизабет Гилберт, вели дека италијанците ја користат секоја состојка која ја знаат и од тоа прават вистинска фешта. Токму таков е и овој едноставен рецепт за сос од бибер и старо сирење пекорино Romano. „Едноставно, на светот постојат многу малку работи кои можат да ве направат посреќни од готвењето за себе и другите“, ќе каже Елизабет, а цела редакција на Гурман™ ќе се сложи едногласно со тоа.

Филм: Chocolat
Рецепт: Chocolate Truffles


Романса, политички промени и сладострасност се некои од работите кои овој филм одлично ги наслика. А, рецептот е посветен на богати колачи со црно чоколадо. Одличен начин да се почувствува страста на животот.

Related Posts with Thumbnails