Колач во Чашка

635

Како што нашата драга daria.recipes вели, на некои состојки едноставно не им е судено да станат тарт, но се подеднакво вкусни и кога се сервирани во чаша. Овој пат во тестото за бисквитот таа ставила црвена гел боја, во чест на празникот на љубовта и виното. Погледнете го рецептот и уживајте!

Колач во Чашка

Подготовка 20 мин
Готвење 15 мин
Вкупно Време 35 мин

Состојки

Тесто:

  • 250гр брашно
  • 125гр ладен путер на коцки
  • 100гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 жолчки
  • 1-2 лажици млеко
  • Кора од лимон
  • Неколку капки црвена гел боја

Фил:

  • 300мл неутрална павлака за готвење (млечна)
  • 400гр бело чоколадо
  • 100мл млеко
  • 90гр путер на собна температура

Инструкции

  • Тесто: со раце измешајте ги брашното и ладниот путер исечен на коцки. Кога ќе добиете трошки додајте ги шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кората од лимон. Промешајте да се соединат сите состојки. Жолчките изматете ги и во нив додајте ја црвената боја. Измешајте убаво за да се соединат и да добиете црвена течност. Ставете ги црвените жолчки во тестото и лесно замесете. По потреба додадете 1-2 лажици млеко. Месете кратко за да не го стопите путерот. Измесеното тесто завиткајте го во фолија за свежа храна и ставете го во замрзнувач на 20тина минути. Откако ќе се стегне, ставете го тестото помеѓу два листа хартија за печење, за полесно да расукате кора и истата полесно да ја префрлите во тавчето за тарт. Откако ќе го обложите тавчето со кората, ставете лист хартија за печење и врз неа ставете ориз или грав. Печете ја кората 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа тргнете ја хартијата со ориз или грав и така ‘гола’, печете ја кората уште 5 минути.
  • Фил: ставете ја павлаката во нелепливо тавче и загрејте на ниска температура, до степен пред да почне да врие. Откако ќе се загрее, тргнете ја од оган и додадете го чоколадото. Промешајте да се стопи па додадете ги млекото и путерот.
    Tip: ако саката баш форма на тарт, оставете ја кората убаво да се излади и стегне пред да ја извадите од тавчето. Ако го служите во чаша, слободно веднаш изронете го бисквитот и ставете го во чаши. Стиснете лесно за да формирате кора.
    Подготвениот фил, ставете го веднаш врз ладниот бисквит. Оставете да се стегне во фрижидер неколку часа, а најдобро преку ноќ.
    Послужете го со некое убаво десертно вино или кафе.
    Уживајте ❣️
Оброк: Десерт
Keyword: десерт

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close