Ако го обожавате вкусот на бадем, тогаш овие колачиња дефинитивно ќе ве натерат прсти да излижете. Погледнете го овој рецепт, и бидете сигурни дека нема да останате рамнодушни и ќе го направете со сигурност.

Kолачиња од Бадеми
Овие мали, но софистицирани колачи не само што ќе го привлечат вашето внимание поради својот изглед, тие имаат и неверојатна лесна арома. Глазурата е неопходна за да се добие финалниот вкус.
Состојки
За Глазурата:
- 3 чаши шеќер во прав
- 1/4 лажичка екстракт од бадем
- 2 лажици вода
- 1/4 чаша растопен путер
- 1/2 чаша исечени бадеми
За Филот:
- 1/4 чаша омекнат путер
- 1 1/2 чаша шеќер во прав
- 1 јајце на собна температура
- 1 лажичка екстракт од бадем
- 120гр. крем сирење
За Тестото:
- 2 чаши брашно
- 4 лажици шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 1 чаша омекнат путер
- 4 лажици ладна вода
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 175 степени. За да го направите тестото, измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Измешајте го путерот и матете додека смесата не се соедини. Додадете ја водата и продолжете да мешате додека тестото не се соедини во топче. Од тестото правете мали топчиња ги редете на плех обложен со фолија и оставете го настрана додека го подготвувате филот.
- За филот, измешајте ги путерот и крем сирењето заедно додека смесата не се изедначи. Додадете го јајцето, шеќерот во прав и екстрактот од бадем. Мешајте повторно додека смесата не стане кремаста. Ставете лажица по една лажица од филот на секое од топчињата тесто. Печете 20-22 минути или додека не поруменат.
- За глазурата, помешајте заедно шеќер, путер, вода и екстракт од бадем. Откако ќе се изедначат и додека колачињата се уште топли, нанесете им ја глазурата одозгора и посипете со исечени бадеми.
Дали го направивте овој рецепт?
Ако да, слободно споделете го вашето искуство со нас! Оставете ни коментар подолу и означете го Гурман МК на Инстаграм со хаштаг #gurmanmk.