Тиквата изобилува со нутритивни вредности добри за нашето тело, а најчесто ја користиме за сликање и десерти…имаме пробувано неколку рецепти за добра супа од тиква, но оваа ни е омилена, затоа ќе ја споделиме со вас.

Крем Супа од Тиква
Состојки
- 1 тиква (средна големина)
- 1 голема главица кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка свеж ѓумбир
- 1 литар зеленчукова супа
- 1/2 лажичка свеж рузмарин
- 1 лажичка свежа жалфија
- мелен црн бибер
Инструкции
- Тиквата излупете ја и одстранете ги семките, па насечкајте ја на коцки…Во длабок сад загрејте го маслиновото масло и пропржете го кромидот неколку минути и во овој момент ставете ја солта и мелениот црн бибер, потоа додадете ја тиквата, нека се пржи неколку минути додека да омекне, потоа додате ги лукот, ѓумбирот, жалфијата и рузмаринот, пропржете една минутка, па додате ја супата и варете околу половина час и тргнете ја од оган да се олади неколку минути.Изблендирајте ја убаво во блендер и сервирајте по желба со: крцкави лепчиња, кокосово млеко, крем за готвење, шарен бибер, магданос.
Уште еден превкусен рецепт од sash_dream, екстра здрав и лесен за подготвување кој морате да го пробате.
Уживаjте и не заборавајте да го посетите нашиот инстаграм профил gurmanmk.