Крем Супа од Тиква

730

Ова можеби е најлесната и најздравата супа од тиква што ни ја испрати vegan_viki_, затоа што во неа нема ништо пржено дури ни масло, а има многу здрави зачини и билки кои го зајакнуваат имунитетот. За да ја направите супата, во подлабоко тенџере ставете да зовријат следниве состојки.

Крем Супа од Тиква

Порции 2 лица
Подготовка 10 мин
Готвење 30 мин
Вкупно Време 40 мин

Состојки

  • 4-5 парчиња излупена тиква
  • 2 моркова
  • 1 компир
  • 1 кромидче
  • 2 чешниња лук

Инструкции

  • Додадете зачини како кари (мелен коријандер, синапово семе, куркума) многу ѓумбир, сушен магдонос, чили и сол и бибер по желба.
  • Нека поврие на тивок оган околу 30 минути. Пред да го ставите во блендер почекајте малку да се олади. Блендирајте го зеленчукот додека не се добие убава кремаста текстура. (Внимавајте да не ставите премногу од водата во која се варел зеленчукот за да не ви биде премногу течна, сепак треба да биде по густичка) Сервирајте со потпечено лепче со лук и уживајте во вкусовите.
Оброк: супи
Keyword: крем супа, супа од тиква, тиква

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close