Смисливте ли што ќе имате денес за вечера? Ако сѐ уште немате идеја што да направите, оваа солена варијанта на куглоф, подготвена од cook_with_christina, ќе биде идеална за вас. Можеби и ќе ви остане по некое парче утре за појадок. Погледнете ги состојките и почнувајте веднаш.

Куглоф со Спанаќ
Состојки
- 4 јајца
- 250гр интегрално брашно
- 100гр бело брашно
- 1 прашок за пециво
- 200мл јогурт
- 200мл млеко
- 200гр рендено мешано сирење
- 400гр спанаќ
Инструкции
- Јајцата изматете ги и постепено додајте го јогуртот и млекото. Продолжете со мешање и додајте ги брашната и прашокот за пециво. Кога ќе добиете хомогена смеса додајте ги спанаќот исечен ситно и сирењето. Измешајте се заедно и ставете ја смесата во куглоф кој е намрсен. Печете околу половина час на 180 степени.На здравје!