wordpress counter

Био робот фрижидер

Чувањето на храна во уред кој ќе ја чува студена е концепт кој е познат од пред три века. Веројатно концептот на фрижидер ќе опстане, но ќе се менува начинот на кој ќе се лади храната. Доказ за тоа може да биде био робот фрижидерот.

Био робот фрижидерот е победник на последниот натпревар кој го организира секоја година „Електролукс“. Темата на натпреварот, на кој учествуваат студенти, беше да се редизајнираат постоечките кујнски уреди за 2050 година. Притоа, беше важно не само да зафаќаат помалку место, туку и да трошат помалку енергија.

Рускиот студент Јуриј Дмитриев го направи био робот фрижидерот. Овој уред користи биополимер, кој поминува низ луминисценција, односно светлина која се појавува при ниска температура, за да ја чува храната студена. Овој уред не изгледа како другите фрижидери. Содржи гел кој не се лепи и во кој се чува храната. Кога ќе посакате да земете нешто за јадење, само ја протнувате раката низ гелот и го вадите посакуваниот продукт.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=AG7G8g6TktA[/youtube]

Интересно е дека фрижидерот нема врата, ниту фиоки. Може да се постави било каде, вертикално или хоризонтално. Користи 4-пати помал простор и го нема оној здодевен звук кога лади. Иако сѐ уште е во фаза на концепт, останува да видиме како овој концепт ќе влијае на нашите животи.

Related Posts with Thumbnails