wordpress counter

Даска за сечење за сите што имаат опсесија кон мерките

Овој кујнски уред е навистина посебен. За волја на вистината, не е наменет за секого затоа што и онака секој нема опсесија во врска со точните мерки на состојките кои ги употребува во приготвување на јадењето.

Но, ако навистина сакате да ги совладате сите тајни на готвењето, тогаш мора да започнете од точните мерки. Оваа даска за сечење е одлично средство на кое тоа може да се научи.

Имено, таа има линијар, агломер, делови каде точно е утврдена големината на коцките (ако состојките ги сечете на коцки) или линии (ако состојките ги сечете надолжно).

Големината на даската е 22,5 см на 30 см, а цената 1.200,00 денари. Искрено и не е многу за овој да го наречеме водич за најважните начини на сечење на храната.

Related Posts with Thumbnails