wordpress counter

ЕЛЕКТРИЧЕН ОТВАРАЧ ЗА ВИНО

otvarac

Новиот електронски отворач за вино на Остер може да отвори 30 шишиња вино, со само допир на копче, на едно полнење. Шишињата ги отвора за неколку секунди и работи со полнач. Дизајниран е да одговара на сите видови шишиња за вино. Не е исклучен и отстранувачот на пломбата од фолија шишето. Изгледот му е модерно стилизиран и е лесен за употреба, бидејќи има рачка за која не треба напор на зглобовите како кај традиционалните отворачи за вино. Тежи 400гр и не зафаќа место во вашата кујна. Можете да го чувате било каде и секогаш да ви биде на дофат. Ќе уживате повеќе со вашите гости, нема да страдате од дамки од вино на вашата облека и никогаш повеќе нема да ве болат рацете при отворање шише вино.

ПРОИЗВОДИТЕЛ: Oster Appliances
www.oster.com

Related Posts with Thumbnails