wordpress counter

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ОД ГОРЕЊЕ

igorenje
Новиот фрижидер и замрзнувач од Горење, во вграден звучник и полнач за iPod, овозможува слушање музика и гледање видеа од музички клипови до кулинарски рецепти. Оваа иновативна комбинација го поплочува патот кон една сосема нова димензија во готвењето, која ќе ги задоволи и анимира современите корисници на кујнските апарати. Овој апарат е направен во соработка со Apple, кој со својот култен производ iPod, во комбинација со ултра модерниот фрижидер на Горење, им нуди на корисниците нова димензија на животниот стил, забавата, кујната и обврските низ домот.

Вградениот iPod овозможува слушање музика, гледање видео, и сурфање на интернет преку безжична мрежа. Wi-Fi пристапот до интернет е контролиран од дисплеј на допир, на кој можете да следите какви ќе посакате рецепти, во било кој текст или видео формат. Се прелистувачот за интернет, можете да најдете корисни упатства за што и да ви е потребно, и да си ги олесните секојдневниот престој и обврски во кујната. Во овој контекст, Горење создаде тест портал www.i.gorenje.com, кој е наменет за безжична контрола на повеќе кујнски апарати во вашиот дом. До порталот се стигнува преку некој од апаратите кои имаат Wi-Fi конекција, и функционира како домашен сервер, преку кој ќе ја контролирате рерната или машината за перење. Со овие иновации, Горење предвидува една сосема поинаква иднина во домаќинството.

Related Posts with Thumbnails