wordpress counter

Интересен прибор за јадење

„JOIN“ приборот за јадење е нешто повеќе од само обични нож, вилушка и лажица. Тие се вистинска и прекрасна декорација за вашата трпеза.

Интересниот механизам на сетот може секого да фасцинира. Но, не може секој да ја трасформира оваа скулптура за да биде функционална за користење. Потребно е малку умешност и брзо око.

Доколку го послужите овој прибор на вашите гости, можеби ќе морате претходно да им објасните како да го отплеткаат приборот, за да не им се излади јадењето. Или, пак, за да ја направите вечерата позабавна, организирајте натпревар кој прв ќе успее да ги раздели.

Related Posts with Thumbnails