- Гурман™ - https://gurman.mk -

Кујнски сад кој сам ја меша храната

Овој практичен сад на иноваторот Хидеки Ватанаби не е резултат на некоја нова технологија, туку повеќе е плод на креативност. Искористени се физичките законитости за струење на течностите во текот на загревање.

Овој кујнски сад е вистински спасител за сите што готват. Имено, мешањето на храната може да биде проблематичен дел од готвењето, особено ако правиме неколку работи одеднаш. Затоа, овој лонец кој сам ја меша храната, ќе ни биде од голема помош.

Садот има брановидна форма, со што течностите при загревањето се движат хоризонтално под делување на конвекциските сили, а преку удирањето во брановидните ѕидови на садот се создава вртлог движење. Ова постојано ја движи и ја меша храната. Дополнителна корист од овој сад е фактот што го спречува создавањето на пена и со тоа се намалува можноста за прекипување на храната:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=uBKF6cl3Z9o[/youtube]