wordpress counter

Кујнски уреди на новата генерација

Иако голем дел од нас уживаат во храната, тв емисиите за готвење и купувањето продукти, многу често немаме доволно време да готвиме. Токму таквата ситуација им оди во прилог на производителите на кујнска техника, кои своите футуристички уреди и технологии полека ги внесуваат во производство.

Врз база на истражувањата на пазарот во САД, во последните три години продажбата на мали кујнски уреди е зголемена за 8%, додека продажбата на ножеви, прибор и тави за 11%. Најпопуларен уред е микробрановата печка, како поради едноставноста на користење, така и поради брзата подготовка на храната.

Затоа, за оние кои немаат готвачки амбиции или едноставно патат од недостаток на време, Microwave Science ја произведе микробрановата печка на новата генерација. True Cook Plus е печка кај која е потребно само да го внесете кодот на смрзнатиот производ кој се наоѓа на пакувањето. Потоа, таа ја одредува програмата за подготовка на храната, а вие само треба да го причекате готовиот оброк.

Related Posts with Thumbnails