wordpress counter

Неопходен кујнски прибор

НЕОПХОДЕН КУЈНСКИ ПРИБОРКога ќе се решите да готвите, потребни ви се неколку основни предмети за да може успешно да го започнете и да го завршите овој процес. Доколку немате некое од овие предмети во кујната, тогаш подобро наместо да готвите направете си сендвич.

Класична кујнска спатула – лесно ќе ја бутнете под риба или месо кое го пржите и без никаков напор ќе го превртите. Ако е огноотпорна, тогаш одлична е и за цедење на маслото од храната.

Кујнски нож – најдобро е да биде со дрвена дршка, бидејќи на тој начин помалку се лизга, а сечилото да е направено од нерѓосувачки челик кој лесно се остри.

Нож за лупење – треба да е остар и лесен за ракување. Најдобро одговара ако сечилото е во форма на буквата U. Со него, лушпата од компирот ќе ја снема за секунда.

Кујнски ножички – тие се незаменливи за голем број на готварски задачи. Тие се јаки да расечат и печено пиле и рафинирани доволно да сечкаат тревки и растенија.

Ренде – неизбежен декор на секоја кујна, без кое нема да можете да подготвите барем половина од рецептите.

Лажица за матење – јајцата, брашното и шеќерот се основни состојки на секое јадење. Како и миксерот, оваа лажица ќе заврши одлична работа.

Related Posts with Thumbnails