wordpress counter

Паметна лажица

Оваа лажица е алатка која навистина мора да ја имате во вашата кујна. Особено поради фактот што ќе ви ги разреши сите проблеми и дилеми кога станува збор за мерење на количините на состојки кои се потребни за да приготвите некое ваше омилено јадење.

Паметната лажица е сосема нов производ кој се разликува од било кој друг продукт со ваква намена. Готвењето го прави неколку пати полесно и поедноставно. Како дополнителен плус и е фактот што нејзините делови лесно се одвојуваат и затоа нејзиното чистење се прави во неколку моменти.

Нејзиниот дизајнер е Јеонгва Ким. Човекот мислел и на фактот на заштеда на простор, па лажицата е така направена да можете и да ја закачите и да виси на ѕид.

Related Posts with Thumbnails