wordpress counter

Серијал: Без што не може да се замисли кујната (2 дел)

Во секоја кујна, потребни се едно чудо апарати и предмети за да може да го зготивте вашето омилено јадење. Овој серијал е посветен токму на тоа – сѐ што ни е потребно за една кујна. Во првиот дел споменавме некои од нив, сега продолжуваме понатаму.

Кујнска вага
Ова е еден од неопходните предмети. Со оглед дека сите рецепти се со соодветна грамажа, без оваа вага никогаш нема да ја погодите точната количина на состојки, што може да резултира со непотребни нервози.

Котелче за загревање на вода
Гледајте да изберете некој кој заштедува енергија, поради тоа што овој апарат често се користи. Денес има огоромен избор, со бројни технички можности.

Стаклен сад за путер
Веројатно ретко кога се случува да немаме путер дома. Осен за јадење, тој е еесенцијална состојка за бројни јадења и слатки. Затоа, купете еден сад кој ќе служи само за него.

Сервис садови за готвење
На ова прашање посветете многу внимание. Станува збор за поскапа инвестиција, но таа трае со години. Изберете квалитетни садови и во повеќе димензии и големини, за да може да го приготвите секое јадење кое ќе посакате.

Сет ножеви
Она што го напишавме за садовите се однесува и на ножевите. Нема ништо подосадно од тап нож со кој не можете да пресечете ниту леб. Скапа инвестиција, која бргу ќе ги оправда вложените средствата.

Related Posts with Thumbnails