wordpress counter

Серијал: Кујнски прибор каков што не сте виделе (1 дел)

Започнуваме еден мал серијал, во кој ќе ве претставиме посебни кујнски прибори какви досега веројатно немаме видено. Сите се во исто време модерни, но и корисни. Овие кујнски прибори се создадени од светски дизајнери и сите се посебни на свој начин. Веруваме дека секој од вас ќе ги посака за дома.

Дизајнер: Лукас Пит
Земја: Канада


Канадскиот дизајнер Лукас Пит создаде една навистина интересна колекција. Станува збор за сребрена вилушка и лажица дополнета со керамички нож. Според дизајнерот, трите делови од приборот се контрасни еден на друг, но на крајот успеваат да ја најдат толку посакуваната рамнотежа.

Секој модел е еволуција на размислувањата на дизајнерот кон главната цел – кујнски прибор кој ги сплотува мислите и чувствата на создавачот во врска со формата. Секое парче претставува рафинирање на емоциите, вештините и разбирањето на она што креаторот го наоѓа за интересно.

За жал, по негово мислење, изумира вештината на рачна изработка. Тоа се случува паралелено со комплетното поврзување на дизајнот со компјутерот. На тој начин, индивидуалноста и личниот печат на дизајнерот започнуваат да се губат.

Related Posts with Thumbnails