- Гурман™ - https://gurman.mk -

Серијал: Кунски прибор каков што не сте виделе (3 дел)

Во првиот дел [1] го претставивме кујнскиот прибор на канаѓанецот Лукас Пит, додека во вториот дел [2] уживавме во ремек делото на јапонецот Макото Јамагучи.

Оваа недела се запознаваме со една жена дизајнер. Станува збор за Катрин Хинтон.

Дизајнер: Катрин Хинтон
Земја: Велика Британија


Оваа серија на кујнски прибор, позната како „Exhausted Cutlery“, претставува совршен спој на естетика и практичност. Овој кујнски прибор за првпат беше презентиран на изложбата во „Royal College of Art“ во Лондон. Приборот е во нераскинливо единство и со чиниите изработени од сребро.

Интересно е дека вилушката на своите краеви има букви кои одговараат на буквите кои се втиснати на самата чинија. Целиот прибор, ја следи формата на чинијата, се потпира на неа и заедно стануваат слика на која воздивнуваме од убавина. На тој начин, постигната е комплетна интеракција помеѓу две работи кои не можат една без друга.

Инаку, Катрин Хинтон дипломирала на „Royal College of Art“ во Лондон. Досега освоила бројни награди, меѓи кои: „Theo Fennell Award“ и „Award for Silverware“ од „The Worshipful Company of Armourers and Brasiers“. За неа пишуваат сите значајни светски медиуми, а покрај кујнски прибор и прибор за јадење, дизајнира и накит.