wordpress counter

Тостер со поглед

Компанијата Магимикс, по 15 години истражување и развивање на производот, ни го претставува Vision Toaster“ – уред преку кој ќе можете да ја гледате целата постапка на печење на лепчето. Ова би требало да биде одлична вест за сите оние кои често имаат проблем со препечување на лебот.

Овој апарат е опремен со две проѕирни стакла преку кои ја следите постапката. Лесно се чисти и е направен од кварц елементи со долг век на траење, кои даваат константна температура и овозможуваат постепен процес на печење.

Парчињата леб се стават во посебен отвор каде се прави автоматско центрирање. Содржи и рачка со која ќе можете лесно да ги извадите и помалите парчиња леб, како и тајмер. Освен за потпекување, можете да го користите и за загревање на лебот.

Од минатиот месец се продава во продавниците низ Британија. Цената е соодветна на задоволство кое го нуди. Ако сакате да го имате овој иновативен уред, тогаш ќе мора да одвоите околу 11.000 денари од својот буџет.

Related Posts with Thumbnails