- Гурман™ - https://gurman.mk -

Уред за готвење ориз „Zojirushi Micom“

Уредите за готвење ориз се навистина популарни во последно време. Нешто што некогаш беше само сад кој се вклучува со кабел во струја, денес е мултифункционална машина која има контролна плоча.

Денес ќе го претставиме уредот за готвење ориз „Zojirushi Micom“. Овој уред самиот ги прилагодува температурата и времето на готвење со цел да добиете одлична порција ориз без многу мака. Поставувањата вклучуваат бел и суши ориз, микс, сладок, кафен ориз, варен ориз, брзо готвен ориз, колач од ориз и каша од ориз.

Уредот изгледа одлично и направен е од не’рѓосувачки челик и пластична корпа за варење, која се чисти мошне лесно. Надворешниот дел останува ладен и покрај готвењето.

Интересно е дека овој уред можете да го искористете и да приготвите некој мал појадок. Исто така, може да се приготват и некои помали колачи. Цената на овој супер уред е околу 9.500 денари.