wordpress counter

Вортекс миксери

ВОРТЕКС МИКСЕРИ

Ова е една од оние направи која не мора по секоја цена да ја имаме во нашите кујни, но сепак го привлекува вниманието и ретко кој ќе остане рамнодушен кога ќе ја види. Станува збор за два миксера, кои служат да измешаат секаква течност која ќе ни падне на памет, па дури и чоколадно млеко. Нивниот изглед, со пријатни и јаки бои, ќе го надополни задоволството при подготвување на пијалаците. А, особено привлечно за очите е торнадо виорот кој се формира при мешањето на состојките.

Едниот од миксерите се користи за регуларни пијачки, а вториот за коктели. Користењето е многу едноставно. Ја истурате состојката, го затворате капакот и притискате на копчето. Останатото е работа на миксерот. Неговото чистење е уште поедноставно. Ставате вода и прашок за садови во него и го вклучувате.

Цената е околу 900 денари.

Related Posts with Thumbnails