wordpress counter

8 кујнски тајни кои никаде нема да ги прочитате (1 дел)

Готвењето е вештина која повеќето луѓе сакаат да ја научаат. Без разлика дали сакате да импресионирате некого или едноставно уживате во приготвувањето на храната, постојат мали тајни, како и кај секоја друга вештина, од кои зависи квалитетот на она што сте го направиле. Ние, во овие два дела од статијата, ќе ве запознаеме со 8 такви тајни кои треба да ги знае секој што влегува во кујна.

Даски за сечење храна
Секогаш имајте при рака барем две даски за сечење на продукти. Голема грешка е сите состојки да ги сечете на истата подлога. Доколку не сакате специфичниот мирис на лук и кромид да се прошири на сите состојки (на пример сирење како предјадење), тогаш инвестирајте во два комплета составени од даска и нож за сечење.

Користете пластични садови
Наместо кеси, хартија, метални садови и сличен кујнски прибор, за складирање најдобро е да користите пластични садови. Тие ги чуваат продуктите свежи подолго време. Потребно е повремено да се измијат и можат повторно да се користат. Како плус е тоа што не ја загадувате животната средина.

Заборавете на пресата за лук
Ако сакате да додадете лук во јадењето, тогаш ви е потребен само добар нож. Ставете го лукот на даска за сечење, удрете го со тапата страна на ножот и ќе се ослободите од лушпата. Потоа, останува само ситно да го насечкате со острата страна на ножот.

Секогаш користете спатула
Спатулата е неизоставен дел од готвењето. Без оглед дали е пластична, метална, со рачки или маша, секој што сака да готви мора да ја има при рака. Одлична при пржење храна, за превртување или мешање на храната. Ако работите со тефлонски сад, спатулата или машата треба да имаат најлонската обвивка на врвот.

Related Posts with Thumbnails