wordpress counter

Фенг шуи во кујна (1 дел)

Со оглед дека човекот поголем дел од својот живот поминува во затворен простор, на значење добиваат сите теории за уредување на просторот на живеење. Една од тие, да ги наречеме филозофии, е кинеската фенг шуи филозофија на уредување на домот.

Зборот „фенг“ на кинески значи ветер, додека „шуи“ означува вода. Во кинеската култура, благиот ветер и бистрата вода означувале добра жетва и аналогна на тоа и добар живот и здравје. Фенг шуи е обемна и комплексна научна вештина за уредување на просторот за живеење, при што се ослободува енергија околу нас со цел да се постигне хармонија и рамнотежа.

Уредувањето на просторот по фенг шуи подразбира секој предмет да биде на свое место, односно на најдобро место во однос на вратите, страните на светот и останатиот мебел. Просторот треба да биде светол, чист и проветрен, со цел енергијата да може да циркулира. Совршено наредениот простор подразбира да не биде пренатрпан, ниту премногу празен, за да може да се движи енергијата.

Ако земеме предвид дека храната е основен извор на човековата сила, а таа се приготвува во кујната, тогаш сфаќаме дека е од круцијално значење како ќе биде уреден овој дел од домот. Идеално гледано, таа не смее да биде во центарот на домот и никогаш да не биде на југозапад.

Најдобро е да биде сместена во задниот дел од домот. Сите предмети во кујната треба да бидат достапни, просторијата да биде светла и да овозможува лесно движење низ неа. Садовите за храна и кујнските помошни средства да бидат на полица или во некој од кујнските елементи.

Најважен дел на кујната, според фенг шуи е шпоретот и неговата позиција. Неповолни позиции за шпорет се зад врата, под прозорец и ако не е доволно светелен и без слободен простор пред себе. Најдобро е да биде поставен на место од кое имате поглед на целата просторија. ●

Related Posts with Thumbnails