wordpress counter

Фенг шуи во кујна (2 дел)

Во првиот дел, дадовме некои основни правила што се однесува до оваа источна филозофија на уредување на домот. Денес продолжуваме со акцент на кујната, како простор во кој се готви храната од која добиваме енергија.

Вратата од кујната треба секогаш да е затворена, затоа што отворената врата асоцира на глад. Кантата за отпадоци треба да е сместена под мијалникот и треба да има капак.

Сите работни површини треба да бидат чисти, а кујната во целина треба да биде убаво осветлена. Сите предмети кои се користат треба да имаат свое место, а при рака треба да ви бидат само оние предмети и уреди кои секојдневно ги користите.

Сè што е искршено или поткршено треба да се отстрани од домот, а да се поправат вратите кои шкрипат или славината која пушта вода. Чистењето е неопходно, затоа што чистиот простор е основа за протокот на позитивна енергија.

Боите на кујната имаат големо значење во оваа филозофија. Најдобри бои за кујна се бела или нијанси на праска или ванила. Дрвото е идеален материјал за работните површини  и подови.

Сите остри предмети да се чуваат фиока. Редуцирајате ја примената на пластика и метал. За местоположбата на шпоретот веќе зборувавме во првиот дел. Сите овие совети се важни, затоа што влијаат на виталноста на домашните, како и нивната кативност и иницијатива.

Во следниот дел ќе посветиме внимание на трпезаријата во која се конзумира храната. 

Related Posts with Thumbnails