wordpress counter

Како да ги чувате овошјето и зеленчукот

Во зима, купуваме повеќе овошје кое треба правилно да го складираме. Затоа, многу е важен начинот на кој го чуваме. Треба да внимаваме кои видови зеленчук и овошје не се согласуваат.

ОВОШЈЕ
Ако оставите јаболко покрај банана, таа многу побргу ќе созрее и ќе поцрни. Слично ќе се случи со кивито, мангото и дињата. Причината лежи во состојката етилен, која ја содржат јаболката. Тоа е растителен хормон кој има важна улога во процесот на стареење и созревање.

ЗЕЛЕНЧУК
Важна е температурата на која се чуваат овошјето и зеленчукот. Со пораст на температурата, сите процеси се одвиваат многу побргу. Според експертот за храна, професорот Банкхофер, пиперките, краставицата, тиквичките и доматите не треба да се купуваат во поголеми количини и да се оставаат во фрижидер. Овие видови зеленчук не сакаат студено и во такви услови не ја развиваат својата специфична арома.

Совет плус: Ако сакате да подготвите варен зеленчук, тогаш немојте да го варите предолго, за да не ги загуби своите својства.

Related Posts with Thumbnails