wordpress counter

Како да ја сочувате вашата дрвена даска за сечкање

Иако многу луѓе ги преферираат пластичните даски за сечкање, затоа што едноставно можете да ги ставите во машината за перење садови и да си ги скратите маките, сепак дрвените се многу поздрави.

На дрвените даски многу потешко се развиваат бактериите, но за тоа да остане така, треба да знаете правилно да ги користите. Еве неколку совети како да ја чистите и употребувате вашата даска за сечкање, а притоа да не се развијат бактерии, но и да ѝ го продолжите рокот на траење.

• по користењето, истријте ја даската со благ сапун и вода. Јаките средства може да го уништат дрвото;

• не оставајте ја даската подолго време неизмиена. Најдобро е да ја измиете веднаш по употребата. Доколку ја оставите храната подолго на даската, таа може да се оштети;

• откако ќе ја исечкате храната, поминете со метален нож или жица за садови, за да ја исчистите даската;

• не користете дрвена даска за сечкање пилешко месо и риба. Побезбедно е овие продукти да ги сечкате на пластична даска;

• одвреме навреме премачкајте ја даската со малку минерално масло, потоа избришете ја со сува крпа. Пред да ја користите, оставете ја добро да се исуши;

• не оставајте ја даската да кисне во вода;

• потрудете се да не сечкате постојано на истото место од даската. Сечкајте на целата површина на даската, за со текот на времето да се израмнат засеците;

• кога купувате дрвена даска за сечкање, изберете ја онаа која целата е од едно парче дрво. Убаво загледајте дали е спојувана, бидејќи многу често на пазарот се наоѓаат даски кои се споени од две или повеќе парчиња. Доколку земете таква, нејзиниот рок ќе биде многу краток, бидејќи водата ќе навлезе помеѓу споените делови и за кратко време ќе започне да ја уништува.

Related Posts with Thumbnails