wordpress counter

Како да направите совршени мусли

При консумацијата на мусли важно е дека нивото на шеќер во крвта се зголемува постепено и на тој начин не се оптеретува панкреасот. Покрај тоа, нѐ држи сити и нивната нутритивна вредност е многу висока. За да уживате во ваков оброк, потребно е да ги најдете следните состојки:

• 700 гр crunchy (крцкави трици)
• 200 гр мешани снегулки (овесни, пченични или пченкарни)
• 100 гр сушени кајсии
• 100 гр сушени брусници
• 50 гр сушени банани
• 50 гр индиски ореви
• 50 гр ореви
• 50 гр бадеми
• 50 гр лешници
• 50 гр ананас, исечкан на коцки
• 50 гр папаја, исечкана на коцки
• 10 гр кокос

ПОДГОТОВКА
Триците и снегулките ставете ги во сад и промешајте ги. Потоа додадете ананас, папаја, брусници и банани. Со нож исечете ги кајсиите на коцки и додадете ги на муслите. Јаткастите плодови (оревите, бадемите и лешниците) здробете ги со помош на дрвена лажица и чиста крпа. Заедно со индиските ореви додадете ги во садот со другите продукти. По вкус, може да додадете и два три прста лен.

Бидејќи ќе имате подготвено поголема количина, најдобро е да ги чувате во пластичен сад кој добро се затвора.

Related Posts with Thumbnails