wordpress counter

Како да: Одберете зрело овошје

ОВОШЈЕ

Свежото овошје е важен дел од секој оброк. Затоа, пред да го купите од маркет или пазар, или пред да го скинете од дрво, треба да ги имате предвид следниве совети:

БОЈАТА НА ОВОШЈЕТО
Зрелите банани имаат темно жолта боја со кафени флеки на кората. Јагодите треба да се светло црвени со зелен врв. Секако постојат овошја, како што е праската, кај кои не е битна бојата на плодот.

ДОПИР НА ПЛОДОТ
Нежно стиснете го овошјето, за да ја утврдите цврстината. Зрелото јаболко ќе биде тврдо и цврсто. Зрелиот плод на мангото ќе почне да попушта под стисокот.

ДРШКАТА НА ПЛОДОТ
Ако делот околу дршката на крушата е многу тврд, тогаш таа не е зрела. И кај дињата тој дел мора да е мек. Кај мангото треба да е заоблен и полн.

МИРИСОТ НА ОВОШЈЕТО
Зрелата праска има сладок мирис. Мирисот на дињата станува појак паралелно со нејзиното зреење.

СЈАЈОТ НА ОВОШЈЕТО
Зрелото овошје има посјаен изглед или изглед кој свети како восок. Ова е особено точно за јаболката, црешите и агрумите.

НЕЗРЕЛО ОВОШЈЕ
Избегнувајте да купувате незрело овошје, со надеж дека ќе го дозреете во домашни услови. Со исклучок на крушите, кај другите плодови нема да ви успее. Ако сте го набрале сѐ уште недозреано овошјето од дрво или грмушка, многу е веројатно дека такво и ќе остане.

Related Posts with Thumbnails