wordpress counter

Кујнски убијци (1 дел)

Верувале или не, на годишно ниво, повеќе луѓе загинуваат од тостер отколку од ајкула. Научниците од универзитетот во Ексетер сметаат дека предметите и продуктите кои секојдневно ги користиме може да бидат фатални ако не сме внимателни. Ви претставуваме список на кујнски предмети и продукти кои може да бидат опасни.

Крпи
Ако ги оставиме со денови или недели, ќе впијат во себе илјадници микроорганизми. Во нив има најголема концентрација на патогени во целата куќа. Дури и во тоалетот има помалку.

Амбалажа
Во определени амабалажи во кои се пакува храната има супстаниции кои може да предизвикаат хормонални промени кај децата, да се намали квалитетот на машката семена течност, па дури и да влијаат на односот на бројот на родени машки и женски деца.

Остатоци од храна
Подготвеното месо може да се подгрева, но само еднаш. Смрзната храна која се одмрзнала не смее по втор пат да се замрзнува, освен ако не сакате да се дружите со салмонелата.

Тостер
Неколку стотини луѓе годишно страдаат од тостер. Овој апарат е опасен бидејќи содржи потенцијално опасни електрични елементи. Покрај тоа, луѓето со метален нож ги отстрануваат остатоците од отворот на тостерот, што може да значи самоубиство.

Related Posts with Thumbnails