wordpress counter

Кујнски убијци (2 дел)

Кујнските предмети може да бидат прилично опасни. Во првиот дел се запознавме со профилите на 4 убијци: крпи, амбалажа, остатоци од храна и тостер. Останува сега да ги наброиме и другите кујнски предмет од кои треба да се пазиме.

Микробранова печка
Ризикот од овој кујнски уред е најмал во споредба со другите апарати. Лесна е за употреба, но сепак постојат случаи кога шолја кафе излетува од печката или храна која се грее во затворен сад кој претставува бомба.

Смрзната храна
Храната кога ќе се расипе ги менува и бојата и вкусот. Но, ако храната е замзрзната, тие промени потешко се забележуваат. Иако температурите се пониски, бактериите се развиваат. Идеална температура на замзрнувачот е -18 степени.

Кујнски средства
Во најголем број домови, под мијалникот има вистински склад од средства за чистење, полирање, дезинфекција. Не е потребно посебно да зборуваме за нивната опасност.

Фрижидер
Во преполните фрижидери полесно доаѓа до расипување на храната. Имено, потешко се има контрола на тоа кои продукти се свежи, а кои подолго време стојат во фрижидерот. Освен ако немате некој од интелигентните кујнски уреди.

Related Posts with Thumbnails