wordpress counter

Кујнски уреди кои ќе ви помогнат да ја намалите тежината (1 дел)

Еден од најлесните начини да согорите дел од калориите (а и да заштедите нешто) е да готвите во домашни услови. За тоа ќе ви биде потребна една мала инвестиција во неколку уреди, кои не само што ќе ви помогнат во готвењето, туку и ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина.

Прибор со мали димензии
Еден од најдобрите начини да јадете помалку е да користите помали чинии, чаши, садови. На тој начин, порциите се помали, а вие не се дебелеете.

Цедалка и ренде за јужно овошје
Со помош на овие уреди, ќе направите мошне вкусни јадења со посебен вкус и арома. Лимони, портокали, лимети, цитрони… тоа ќе значи користење на помалку други додатоци во јадењето кои не се здрави.

Уред за подготовка на зеленчук на пареа
Во споредба со пржењето, варењето на пареа е еден од најздравите начини на приготвување на зеленчукот. Со помош на овој уред ќе може да приготвувате и интегрални житарки и риба, без да имате потреба од додадвање на масло. Па, дури и да користите супа наместо вода при варењето.

Уред за бавно готвење на храната
Во овој уред можете да ги ставите сите состојки и по неколку часа да имате готов ручек или вечера. Одличен е за подготовка на супи, чорби, каши, готвење на мешунки и житарки. Во ниту едно јадење не мора да додавате масло. 

Related Posts with Thumbnails