wordpress counter

Кујнски уреди кои ќе ви помогнат да ја намалите тежината (2 дел)

Со домашното готвење, не само што штедите, туку имате можност и да намалите малку од својата тежина. Даваме список на уреди со кои ќе подготвите храна која ќе ви помогне да бидете во топ форма.

Уред „Oil Mister“
Често се случува во јадењето кое го подготвувате да ставите повеќе масло од што е потребно. Овој проблем може да се реши со уредот познат како „Oil Mister“. Станува збор за масло во спреј кое може да ја намали употребата на масло во готвењето за цели 80%.

Кујнска вага
Кујнската вага ќе ви помогне да ја контролирате големината на вашите оброци. На тој начин, со тек на време, броењето на калории ќе ви стане песна. Плус, вашето око ќе се научи визуелно да проценува и во ресторани колкава порција да изеде.

Блендер за брзо мешање
Експертите за готвење велат дека овој уред е една од најголемите иновации во готвењето. Со него се добива потребната густина на јадењето, без да додавате масти.

Related Posts with Thumbnails