- Гурман™ - https://gurman.mk -

Пет правила за совршено рижото

Колку пати сте се нашле во ситуација да не ви испадне рижотото онака како сте го замислувале? За да не се нервирате повеќе, ви пренесуваме 5 важни правила за совршено рижото од врвни светски готвачи.

Не го мијте оризот, освен ако не го знаете потеклото
Со миење се губат некои важни состојки и поради тоа се препорачува да не се мие, освен ако не станува збор за сомнително потекло.

Оризот мора да се глазира на маснотија
Основно правило при приготвување на рижотото е неговото глазирање и тоа мора да биде направено на маснотија. Причината е скробот кој се наоѓа во оризот и кој поинаку реагира од скробот во другите плодови.

Течноста се додава постепено
Една од најголемите грешки во приготвување на рижото е нагло додавање на течностите.

Путерот се додава на крајот
На самиот крај добро е да се додаде малку путер (никако маргарин). Тоа е потребно за оризот да добие конкретна текстура и боја, а неговите состојки да се поврзат.

Користете адекватен ориз и не гответе одвоено
По правило, оризот со помало зрно има повеќе скроб и е покремаст. Оризот со поголемо и подолго зрно подобро се комбинира со јадењето како негов прилог. Повеќето луѓе одвоено ги готват состојките за рижото и на крај ги мешаат. Тоа е една од најголемите грешки.