wordpress counter

Разоткривање на митови

СОЛМИТ 1: Додавањето сол помага водата да зоврие побргу

Солта всушноста ја зголемува точката на вриење на водата и поради тоа ќе ѝ треба малку повеќе време за да зоврие. Но, бидејќи користиме малку сол при готвењето, тоа нема ни да се забележи. Особено кога ќе се потсетиме каков вкус и дава солта на храната, вреди да почекаме уште 2-3 милисекунди.

ПЕЧУРКИМИТ 2: При миење на печурките, тие ќе впијат во себе многу вода и ќе се загуби нивниот вкус

Точно е дека печурките се порозни, но тие и онака се состојат од 90% вода. Значи, нивното миење нема да предизвика забележлива промена во нивниот вкус и што е уште поважно – ќе ја отстраните целата земја од нив.

ЗЕЛЕНЧУКМИТ 3: Варењето на зеленчукот ќе ги уништи сите хранливи состојки во него

Иако секогаш е повкусно зеленчукот да биде убаво сварен, сепак тоа не значи дека ќе бидат уништени хранливите состојки од него. Точно е дека некои од витамините се растворливи во вода, но сепак, минералите и влакната остануваат и по варењето.

Related Posts with Thumbnails