wordpress counter

Садови кои испуштаат токсини во микропечките

Сите би се согласиле дека микробрановата печка е неверојатен производ. Изум кој ни заштедува време, ја грее храната и сите ја користиме барем еднаш во денот. Но, често забораваме да ги земеме предвид нејзините негативни страни.

Една таква страна се садовите во кои се подгрева храната. Најважно е да внимаваме храната да не ја ставаме во микробрановата печка во садови од пластика, целофан, картон и стиропор, затоа што тие материјали може да испуштат токсини во храната. Кога ваквите садови ќе ги ставиме во микробранова, тие не се топат и ни делуваат безбедно. Но, всушност, според новите истражувања, тие испуштаат токсини и тоа во загрижувачки количини. Луѓето кои ја подготвуваат својата храна во микробранова печка се изложени на тројна доза на токсини. Прво, храната која се поготовува во микробранова има синтетички својства. Второ, храната се изложува на радиоактивно зрачење на уредот и трето, преку конзумирање на така приготвената храна.

Светското здружение за здрава храна трврди дека не смеат пластичните садови и пакувања да бидат во допир со храната, додека таа е во микробранова печка. Според безбедносните стандарди, потребно е да има барем еден сантиметар простор помеѓу садот и храната.

Поради топлината која ја испушта микропечката, од овие синтетички садови се ослободуваат хемиски гасови, кои често содржат бисфенол-А и други штетни состојки. Тие негативно влијаат на човековиот организам и можат да предизвикуваат хормонален дисбаланс, намалена плодност и разни видови на рак.

Храната во вакви синтетички пакувања е штетна дури и во нашиот замрзнувач. Треба сите пластични и синтетички садови и пакувања да ги замениме со стаклени, керамички и челични садови. Ако сакаме храната да ја подгреваме во микропечка, тогаш мора да користиме стаклени или керамички садови.

Related Posts with Thumbnails