wordpress counter

Серијал: Зелена кујна (2 дел)

Овој серијал е наменет на искористување на кујната во заштитата на нашата животна средина. Во неколку продолженија ќе ви претставиме совети како да ги искористите сите можности на кујната, за да ја сочуваме природата зелена.

Во првиот дел, пишувавме за чистењето на апартатите, крпите и отстранувањето на отпадот. Продолжуваме со неколку нови совети.

Употреба на машина за миење на садови
Може да ви изгледа дека овие машини трошат многу електрична енергија, но кај машината за садови постои едно правило. А, тоа е дека оваа машина е многу поефикасна од рачното миење на садови. Ако сакате уште позелена кујна, оставете ги садовите да се исушат на воздух.

Употреба на детергенти
Многу традиционални детергенти содржат фосфати. Тие чистат одлично и ја омекнуваат тврдата вода, но предизвикуваат и развој на опасни алги низ цевките за вода. Хлорот е друга состојка на овие препарати која избелува. Но, делува лошо на белите дробови, кожата и очите. Затоа, секогаш одбирајте детергенти кои се пријатели на околината.

Фрижидер
Гумената облога на вратата од фрижидерот го чува студениот воздух внатре во апаратот и спречува да навлезе топол воздух внатре. Затоа е многу битно вратата да е дборо затворена. За да бидете сигурни, ставете една банкнота на гумата. Доколку ја извлечете лесно, тогаш гумата од вратата не работи добро и вашата кујна повеќе не е зелена.

Related Posts with Thumbnails