wordpress counter

Скара каква посакувате

Скарата е неизоставен дел од сите празнични денови и поголеми собири на кои се слави дружбата, љубовта и пријателството. Овој пат ви предлагаме неколку кратки совети кои ќе ги сведат на минимум нервозите, а месото и зеленчукот ќе измамат насмевка на лицето на сите гости.

• Месото кое ќе заврши на скара, треба да биде рамно исечено затоа што нерамнините и испакнувањата побргу ќе горат;
• Месото треба да биде истолчено и премачкано со масло. И решетката од скарата потребно е да биде премачкано со масло;
• Пред да почнете со печење на месото, скарата мора да е добро загреана. На тој начин, месото добро ќе се испече, а ароматичните сокови нема да истечат при подготовката;
• Темните меса, кои по својата природа се посочни, потребно е прво да се запечат на појак оган, а потоа да се продолжи со поумерена температура;
• На зеленчукот му е потребно многу малку за да се запече. Само провртете ги парчињата неколку пати и ќе имате вистински сласно јадење;
• Ако не сте знаеле и овошјето може да се запече на скара. Без оглед дали е зашеќерено или прелиено со сируп, овошјето се пече на слаб оган и притоа карамелизира. Одличен десерт по тешкиот оброк.

Related Posts with Thumbnails