wordpress counter

Видео: Кујнски трикови (1 дел)

Без оглед дали сте почетник во готвењето кој само сака да се пофали или професионалец кој готви феноменално, овие неколку видеа ќе ви помогнат сите да ги оставите без зборови. Да почнеме:

Исчистете калинка за само неколку сенкунди со помош на дрвена лажица
Колку пати сте се откажале од јадење калинка, само затоа што ве мрзело да ја исчистите. Ова видео е токму за вас. Ако сакате да се фрлите веднаш на работа, тогаш прескокнете ги првите 2 минути од видеото.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=jJ7dk9nDR-k&feature=player_embedded#![/youtube]

Излупете тврдо варено јајце без мака
Со оглед дека лупењето варени јајца е вистинска досада, еве начин како тоа да го направите брзо и ефикасно. Варете ги јајцата 12 минути, во сад во кој водата ги покрива целосно. За време на варењето, додадете една лажица сода бикарбона. Откако ќе се изладат, поткршете ги на врвовите од двете страни и силно дувнете. Ама, што објаснуваме толку, погледнете го видеото и сè ќе ви биде јасно.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=PN2gYHJNT3Y&feature=player_embedded[/youtube]

Related Posts with Thumbnails