wordpress counter

8 најголеми иновации за кујните на иднината (2 дел)

Кујната е една од просториите кои се главни во нашиот дом. Оттаму и големиот интерес на иноваторите и дизајнерите по прашањето на нивното уредување. Во првиот дел споменавме 4 иновации, а приказната ја завршуваме со уште 4 големи иновации кои ќе ја направат кујната интересно место за секого.

Технологија без допир
Освен што заштедува време, оваа технологија го спречува ширењето на бактериите и промовира здрав начин на живеење. Оваа технологија веќе се вградува во чешмите, садовите за сапун и средства за миење, како и во осветлувањето.

Интегрирани канти за отпадоци
Овие канти за отпадоци го собираат ѓубрето и го претвораат во ѓубриво. Сите отпадоци се искористуваат, а вие добивате продукт кој може да го искористите во вашата градина. Или да го продадете. Зошто да не?

Вградени ЛЦД екрани
Станува збор за вграден компјутер во работната површина, преку кој не само што ќе раководите со осветлувањето и кујнските уреди, туку ќе ви овозможи и забава додека сте во кујната. Слушање музика, гледање ТВ, читање онлајн весници и списанија или видеа за готвење.

Дигитален домашен систем
Можностите на овој систем се речиси безгранични. Проверка на времето, видео разговор со вашата мајка, трошење на вода и струја, пронаоѓање на рецепти, поврзување со уредите или нарачка во блискиот супермаркет.

Искрено, едвај чекаме овие иновации да влезат во нашите среќни домови.

Related Posts with Thumbnails