wordpress counter

Кујна на новото време

Кујна со чиста белина, со простор кој е комплетно отворен и сатенско бел лак на сите површини, кој доаѓа до израз со одлично позиционирано осветлување. Ова во кратки црти би била минималистичката кујна на новото време.

Кујната има два средишни острови, комплетно одвоени од површините на кои се готви. Двата острова се поврзуваат со дрвена работна површина која дава чувство на ергономичност. Кујнските елементи користат електронски систем на отворање без употреба на рачки. Целата таа комбинација дава чувство на смиреност и рамнотежа – токму она што е потребно кога луѓето консумираат храна.

Првично конструирана за куќа која се наоѓа на Медитеранот, оваа кујна дише со шумот и текстурата на морето. Блиску до морето, на работите се гледа од сосема друга перспектива. Буквално, просторот ги вдишува мирисите на брановите. Веруваме дека оваа кујна успева тој мирен шепот со огромна сила да го пренесе во вашиот простор и да направи вистински да уживате додека јадете.

Related Posts with Thumbnails