wordpress counter

Кујнски позадини (1 дел)

Уредувањето на кујнскиот простор никогаш не била лесна и едноставна задача. За таа цел ќе треба да ја употребите целата ваша креативност, ако сакате да направите вистински пријатно катче во вашиот дом. Гурман™ ви нуди неколку начини како да го уредите просторот над мијалникот во кујната.

ПЛОЧКИ

Ова е наједноставната и најсигурната варијанта. Но и во ваков случај можете да употребите креативност. Ако веќе сте одбрале плочки, тоа нека бидат, на пример, фини тенки тавански плочки кои лесно и едноставно се сечат и поставуваат.

ТАПЕТ
Универзално решение, со бескрајно многу можности. Па, дури и сеприсутниот „бреза“ дизајн (ужасно популарен минатата година), сѐ уште може да најде примена. Подредете го дизајнот на тапетот со дизајнот на вашата кујна и нема да погрешите.

ТАБЛА

Оваа модерна, темна и со мат изглед табла, може да биде одличен избор за вашата кујна. Кога ќе се решите да зготвите нешто, напишете го рецептот на таблата (или нека биде тоа потсетник за вашиот партнер што да зготви) и уживајте додека готвите.

Related Posts with Thumbnails