wordpress counter

Кујнски позадини (2 дел)

Во минатата статија разгледавме три варијанти на уредување на кујнскиот простор над работните површини: плочки, тапет и табла. Сега ќе видиме како ќе изгледа кујната ако употребиме огледало, скриен простор за складирање и стакло.

СТАКЛО

Едно единствено парче стакло, ставено врз ѕид со светла нијанса, е пример за елегантност. Освен тоа, лесно е за чистење и може да се отстрани во било кое време.

ОГЛЕДАЛО

Мудриот дизајнер ќе каже: „огледалата создаваат илузија дека просторот е поголем“. Доколку имате мала и тесна кујна, ова е одлично решение. Чувствотото дека немате место за ништо во кујната ќе исчезне моментално.

СКРИЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

На прв поглед ќе изгледа како да се поставени големи, сјајни плочки. Но, малата тајна лежи зад тие плочки. Умно искористениот простор ќе значи дека таму има место за уредите кои ги користите секојдневно, а кои не сакате да стојат на работните површини.

Related Posts with Thumbnails