wordpress counter

Минимал трпезарија

Овој сет кој се состои од модерна трпезариска маса и столици е наменет за сите оние кои сакаат да уживаат кога се во својот дом. На овој начин, трпезарискиот простор може да се користи и како место за јадење, но и како место за водење пријатни разговори со шолја кафе.

Овој мебел се комбинира во секој дом каде постои концепт на минимализам во уредувањето. Се поставува веднаш до кујната и на тој начин се скратува движењето и времето потребно да се сервира и консумира храната.

Ако масата ја искомбинираме со столчиња во сина боја, тогаш мошне бргу може да ја трансформираме во маса на која може да се разговара. Дополнително, сината боја ќе создава состојба на пријателска и релаксирачка атмосфера, што е одличен предуслов за пријатен разговор.

Производител е Меридијани од Италија, кој е релативно нов член на сцената на незаменливиот италијански дизајн на мебел. Иако постои само 13 години, веќе успеа да си обезбеди свое место на избирливиот пазар на мебел. Нивниот мебел краси огромен број кафетерии, хотели, болници, ресторани и резиденции во Италија и светот.

Related Posts with Thumbnails