wordpress counter

Living kitchen – вистинската кујна на иднината

Михаел Харбоун, дизајнер, неодамна даде своја визија на кујната на иднината. Некои велат дека е совршена, некои дека ги плаши и едноставно морници им лазат по телото кога го гледаат проектот. Како и да е, никого не остава рамнодушен.

Интересно е дека на Claytronics, не само што им се допадна идејата туку веќе работат, заедно со Carnegie Melon University, на нејзина реализација.

Технологијата се базира на нано роботи кои креираат систем на самообликувачка материја способна да ресоздаде сѐ што ќе посакате. Со механизам на задавање на задачи, се испраќаат сигнали до овие неверојатно мали роботи да се трансформираат во шпорет, плочки за кујна, светилка или да создадат фрижидер.

Харбоун вели: „Овој концепт ќе создаде револуција во односот човек – предмет. Предметот ќе добие дигитални способности и нема повеќе да поттикнува функции, како што тоа претходно го правел. Сега корисникот ќе ги дефинира неговите функции. Корисникот ќе биде создавач.

Нам ни изгледа прекрасно. Го очекуваме вашето мислење.

Related Posts with Thumbnails