wordpress counter

Серијал: Кујна на месецот (1 del)

Од денес започнуваме еден посебен серијал, во кој ќе уживаат сите љубители на убавата кујна. Имено, секој месец ќе претставуваме една кујна која ќе биде насловена како кујна на месецот. Се надеваме дека на тој начин ќе ви дадеме полно идеи како да ја направите кујната која ја посакувате.

Француска провансалска кујна
Ако имате куќа, тогаш оваа кујна ќе направи да се чувствувате како да сте во прекрасните рурални подрачја на Франција. Изборот на бои (теракота, глинено зелена и сенф жолта боја) ќе ви го донесе мирисот на јужна Франција во вашиот дом.

Кабинетите во кујната може да бидат нови, но важно е да бидат така направени што ќе изгледа како да се стари и имаат патина. Во средина на кујната може да се направи таканаречен кујнски остров, кој може да послужи и како мала трпезарија.

Работните површини на островот треба да бидат дрвени, но да се внимава да не се користат како даска за сечење. Се останато може да се подготви на вакви површина. Островот може да се направи така што ќе понуди и многу простор за чување на продукти и кујнски прибор.

Оваа кујна ги содржи само најосновните технолошки достигнувања кога станува збор за апаратите. Но, тоа е и разбирливо, со оглед дека таа раскажува повеќе за шармот на француското живеење, отколку за технологијата. Кога ќе влезете во неа во мирно неделно утро, ќе се почувствувате како да сте во Прованса. Во таква атмосфера вкусната храна е неизбежна.

Related Posts with Thumbnails