wordpress counter

Серијал: Кујна на месецот (4 дел)

Досега претставивме три кујни: француска провансалска кујна, модерна кујна од дрво и романтична стара кујна во сино-бела боја. Но сите тие се затворени кујни во рамки на домот во кој живееме. Денес ви претставуваме посебен тип кујна – кујна на отворено.

Кујна на отворен простор
Ова прекрасно дело му припаѓа на архитектот Крис Хориучи. Станува збор за кујна која создава неверојатна атмосфера и која бара многу труд за да се направи. Но, ако им се верува на сликите, за неа вреди целиот труд и време.

Опремена е со скара, работни површини, фрижидер, мијалник, па дури и печка за пица. Буквално сѐ што ви е потребно за да направите каков сакате специјалитет. Во овој случај, кујната е поставена на терасата која е транзит помеѓу главниот дел, базенот и просториите за гостите.

Она што е особено важно кај овој тип на кујна е што овозможува социјално дружење. Сите неопходни работи ви се при рака, а гостите и пријателите може да седнат, да пијат и да уживаат. А вие, нема да пропуштите ништо од разговорот и дружењето додека готвите.

Кај овој тип на кујна мора многу да се внимава на осветлувањето. Тоа мора да биде поставено подалеку од местата за седење, во позадини. Особено затоа што светлото привлекува бубачки. За среќа, во лето нема да ви биде потребно светло до 8 часот навечер, а тогаш веќе сте завршиле со готвењето. Останато е само дружењето и во такви услови не ви е многу грижа за бубачките.

Related Posts with Thumbnails