Денес се одлучивме да ги објавиме овие лајбици меки како памук, по рецептот на нашата драга @cookwithkiki, кои се погодни за мали сендвичиња или домашни бургери. Погледнете кои состојки ви се потребни за нивна подготовка:

Лајбици Меки Како Памук
Состојки
- 550гр брашно
- ½ свеж квасец
- 250мл кисела павлака
- 3 јајца
- 50гр маст
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
За премачкување:
- 1 жолчка
- ким, сол, сусам
Инструкции
- Брашното ставете го во пластичен сад и направете дупка во средина каде што ќе го изроните квасецот. Загрејте ја малку павлаката и ставете ја преку квасецот. Додате ги јајцата и останатите состојки и замесете го тестото. Оставете го на собна температура да нарасне околу 1 час. Кога тестото ќе нарасне, формирате топчиња. Секое топче со нож го засекувате на средина и ги ставате во тепсија обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со жолчката и одозгора посипете со ким, сусам, сол , ленено семе или по ваша желба што сакате. Се печат во претходно загреана рерна на 250 степени додека не поруменат. Пријатен оброк.Гответе со љубов!