Лиснати ѕвездички со кајмак

731

Па, веројатно не постои рецепт со лиснато тесто, а да не ви стане омилен на вас и вашите најмили откако ќе го направете дома. Таков е и случајот со овие декоративни лиснати ѕвездички кои ни ги испрати @gotvime.so.teofanija. Не чекајте до утре, направете ги уште веднаш.

Лиснати ѕвездички со кајмак

Подготовка 15 мин
Готвење 15 мин
Вкупно Време 30 мин

Состојки

  • 500гр готово лиснато тесто
  • 1-2 жолчки
  • кајмак по потреба
  • салама по потреба
  • оригано по потреба и вкус
  • семиња по вкус и желба

Инструкции

  • Го расукуваме лиснатото тесто на набрашнета површина со дебелина околу 5 мм, ама може и подебелко.
  • Со помош на голем калап вадиме парчиња од тестото, а со помош на помал калап вадиме парчиња од салама.
  • На секоја втора ѕвезда од тесто ставаме мала лажичка кајмак, парче салама и прстофат оригано.
  • Од страните премачкуваме со разматена жолчка од јајце.
  • Преклопуваме со друга ѕвезда од тесто, притискаме од страните да ни се залепи жолчката.
  • Одозгора секоја ѕвезда ја премачкуваме со жолчка и ја наросуваме со семиња по желба.
  • Печеме во загреана рерна на 200 степени.
  • Забелешка:
    По вкус можете да си ставите и парче кашкавал или други состојки. Ако сакате да ви бидат посветли ѕвездите премачкајте ги со белка.
Оброк: печиво
Keyword: печиво

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close