Лосос на Тоскански Начин

577

Кога станува збор за сува риба како што е лососот, добро е да се знае дека било каков кремаст сос оди совршено со него. Овој пат daria.recipes се одлучила за превкусниот лосос на тоскански начин и сос со спанаќ. Вистински прекраснотии.

Лосос на Тоскански Начин

Порции 2 лица
Подготовка 15 мин
Готвење 20 мин
Вкупно Време 35 мин

Состојки

  • 600гр котлети од лосос
  • 5 големи чешниња лук
  • 20 шери домати
  • 600гр спанаќ
  • 200мл павлака за готвење
  • маслиново масло
  • путер
  • сол, црн бибер
  • буковец
  • лимон

Инструкции

  • Загрејте маслиново маслои малку путер на средна температура. Котлетите лосос зачинете ги со сол и црн бибер и ставете ги да се пржат, по 5-6 мин од секоја страна. За време напржењето, поливајте ги со сосот од тавата, за да не се олади горната страна. Пред крај, додадете сок од 1/4 лимон и малку буковец. Испржените котлети тргнете ги на страна.
  • Во истото тавче повторно ставете малку путер. Чешнињата ситно исецкајте ги и ставете ги да се пржат. Откако лукот ќе се испржи, додадете ги шери доматите исечени на половинки. Динстајте ги околу 5-6 минути, додека испуштат сок. Додадете го спанаќот исечен на ленти. Динстајте уште неколку минути дури не се зготви спанаќот. На крај додадете ја павлаката за готвење. Зачинете добро со сол и пикантен црн бибер и вратете ги котлетите во тавчето. Послужете топло.
Оброк: главно јадење
Кујна: Italian
Keyword: лосос, риба

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close